| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав август во Ел Салвадор, извршени над 900 убиства

Над 900 убиства се извршени во Ел Салвадор во август годинава, што го прави најкрвав месец по граѓанската војна во земјата во периодот од 1980 до 1992 година, соопшти локалната полиција.

el salvador

Минатиот месец во централноамериканската држава со население од 6,3 милиони лица се регистрирани 907 убиства, пренесе МИА.

Вкупно 4.232 лица се убиени од почетокот на годината во Ел Салвадор, една од земјите со највисоко ниво на насилство во светот, пренесува БТА.

За споредба во периодот јануари-август минатата година биле регистрирани 2.533 убиства.

Заедно со соседните Гватемала и Хондурас Ел Салвадор е арена на дејствување на жестоки организирани криминални групи, кои редовно се користат со насилство. Властите во борбата против криминалните групи ја вклучија и армијата, така што, низ земјата патролираат околу 7.000 војници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top