| четврток, 6 декември 2018 |

Голем успех за македонскиот репрезентативец, Барселона го пријави Давид Бабунски за настап во Лигата на шампионите

david babunski

Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец Давид Банунски, доби големи почести од клубот каде што настапува Барселона, бидејќи тренерот Луис Енрике одлучи да го стави на списокот од 32  фудбалери кои се пријавени за настап во Лигата на шампионите за каталонскиот гигант.

Двајца фудбалери од Б-тимот, Хуан Камара и Жерард Гумбау, се наоѓаат на основниот список на пријавени фудбалери на Барселона за настап во ЛШ, додека Давид Бабунски, заедно со голманот Хозе Суарез, Серхи Сампер и Алехандро Грималдо, се наоѓаат на Б-списокот.
Тој го откажа настапот за младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година, сакајќи да ја зацврсти позицијата во Барселона, која годинава се натпреварува со третата шпанска лига.

Тоа значи дека доколку Барселона во натпреварите од групната фаза со одлични резултати рано го обезбеди пласманот во следната рунда, Давид Бабунски можеби и би добил шанса да одигра неколку минути во дресот на европскиот првак во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top