Претседателот на Украина Петро Порошенко денеска изјави дека екстремистите мора да се откажат од идејата да организираат илегални избори во Донбас.
За време на состанокот со претставник на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) во Трилатералната контакт група за решавање на ситуацијата во Донбас, Мартин Зајдик, украинскиот претседател побара итно започнување на разговори за одржување на локалните избори во поединечни подрачја во Доњецк и Луганск во согласност со украинскиот правен систем и стандардите на ОБСЕ.
– Мораме да организираме избори строго во согласност со договорот од Минск, во согласност со украинскиот правен систем, со принципите на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХИР) во присуство на странски набљудувачи кои ќе го гарантираат почитувањето на стандардите на ОБСЕ, посочи Порошенко.
Тој додаде дека изборите мора да бидат слободни и фер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.