| четврток, 6 декември 2018 |

ГДОМ до СДСМ: Не сте пратеници, туку платеници

GDOMСо транспаренти „Вие не сте пратеници туку платеници“, „Џаболебари“ Граѓанското движење за одбрана на Македонија им порачаа на опозициските пратеници дека треба да си ги заслужат платите кои ги примаа досега без да работат.


Се надеваме дека одсега ќе работат за интересот на државата, а на за интересите на партијата, порачаа од здружението поздравувајќи го враќањето на опозицијата во законодавниот дом. Професорката Виолета Ачковска порача дека опозиционерите конечно треба да си ги заработат парите кои со месеци ги земаа со неработење. Граѓанското движење за одбрана на Македонија потенцираше дека во претходниот период беше направена огромна штета на македонската држава поради бојкотот на Собранието и дека во иднина сите проблеми треба да се решаваат во институциите на системот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top