| четврток, 6 декември 2018 |

Бачев до Поповска: Шетате по сите коалиции и не водите сметка за Македонија

tv sonceШетате по сите коалиции и не водите сметка за Македонија, и одговори Јанко Бачев од НДМ на Лилјана Поповска од ДОМ при гостување на ТВ Сонце.

-Не водите сметка за Македонија, Вие шетате по сите коалиции . Поповска ги гледа работите до директорските места- рече Бачев.

Поповска немајќи аргументи, во неколку наврати стануваше да го напушти студиото, во обид да стори вешта манипулација, но по изостанувањето на реакција од гостите, се премисли.

-Во 2013 излеговте сами на избори, имавме 25 илјади гласови но тоа беа локални избории. Таму исто така се случуваше одредена девијација, но тоа не е поврзано со шесте изборни единици, рече Поповска.

Според Бачев пак, Поповска не ја зборувала вистината, односно немале освоено 25 илјади гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top