Шпанската цивилна гарда при претрес на автомобил мерцедес на граничниот премин кај Ел Тарахал не очекувала дека ќе пронајде мигранти, иако ова е позната „порта“ за мигрантите кон ЕУ. Се намведува дека возачот им се видел сомнителен заради нервозата која ја покажувал и потребата за брзо минување на границата.
Едниот мигрант бил сокриен под хаубата, кај моторот на автомобилот, а вториот под задните седишта. Двајцата биле од Гвинеја, а во моментот кога биле откриени веќе имале знаци од недостаток на воздух и исцрпеност заради издувните гасови и топлината.
Возачот и совозачот, марокански државјани се уапсени. Возилото имало фалсификувани таблички од Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра