| четврток, 6 декември 2018 |

Во грчките води задржан брод кој превезувал оружје

cargo-ship-weapons1Недалеку од островот Крит, крајбрежната стража на Грција задржа брод, кој пловел под знамето на Боливија, а превезувал оружје од Турција во Либија.

Според агенцијата, бродот „Ханти 1“, со девет членови на екипажот, во придружба на конвој ќе биде одведен до пристаништето Ираклион.

Бродот, во чии контејнери беше откриена непозната количина оружје, патувал од Турција во Либија. Во документите товарот е опишан како „стока од пластика”.

Екипажот на бродот се состои од граѓани на Сирија, Египет и Индија, објавува АНА-МПА. Во пристаништето Ираклион се преземени сите неопходни мерки за безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top