Недалеку од островот Крит, крајбрежната стража на Грција задржа брод, кој пловел под знамето на Боливија, а превезувал оружје од Турција во Либија.
Според агенцијата, бродот „Ханти 1“, со девет членови на екипажот, во придружба на конвој ќе биде одведен до пристаништето Ираклион.
Бродот, во чии контејнери беше откриена непозната количина оружје, патувал од Турција во Либија. Во документите товарот е опишан како „стока од пластика”.
Екипажот на бродот се состои од граѓани на Сирија, Египет и Индија, објавува АНА-МПА. Во пристаништето Ираклион се преземени сите неопходни мерки за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


