| четврток, 6 декември 2018 |

Вест Хем пред истекот на рокот успеа да ги доведе Јелавиќ и Мозес

nikica jelavic

Англискиот премиерлигаш, Вест Хем, беше еден од најактивните тимови во Европа пред затворање на летниот преоден рок синоќа на полноќ.
„Чеканите“ тргнаа во интезивни преговори со неколку екипи и играчи, па успеаја да договарат двајца. Менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ, е задоволен од стореното, и се надева дека неговата екипа ќе престане со трендот топло-ладно во Премиер лигата.
Во првите четири кола, тимот од источен Лондон загуби две средби на домашен терен, но успеа да слави на гостувањата кај Арсенал и Ливерпул.
Со новите играчи Никица Јелавиќ и Виктор Мозес се надева дека ќе ја зацврсне играта во средниот ред и ќе биде далеку поофанзивна екипа, иако реализацијата досега не беше проблем.

Јелавиќ доаѓа во лондонскиот клуб на барање на Билиќ, со кого имаше беспрекорна соработка во хрватската репрезентација. Тој не беше дел од плановите на Хал за новата сезона, па „чеканите“ се договорија да го откупат неговиот договор за сума од три милиони фунти.

Воедно, Вест хем умешно ги финаншираше и преговорите за едногодишна позајмица на Виктор Мозес. Нигерискиот интернационалец повторно не беше дел од плановите на Жозе Мурињо во Челси, па португалскиот стратег даде зелено светло за негово заминување на „Аптон парк“.

Вест хем претходно се договори и за нова едногодишна позајмица на Алекс Сонг од Барселона, откако Камерунецот лани беше еден од најдобрите фудбалери во таборот на „чеканите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top