| четврток, 6 декември 2018 |

Опожарено возило во Скопје

возило

Возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки е опожарено ноќеска во два часот на ул. „1010“ во Скопје.

Според МВР, возилото, сопственост на триесет и двегодишниот скопјанец М.С., е опожарено од засега непознат сторител, најверојатно, со запалива течност.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ). Увид на местото на настанот изврши СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top