| четврток, 6 декември 2018 |

Евгениј Новак е деветтото засилува за ФК Вардар

Украинскиот централен дефанзивец, 26-годишниот Евгениј Новак е ново име во таборот на ФК Вардар.
Тој беше на проба во летниот период, но не ги задоволи вкусовите на тогашниот тренер на „црвено-црните“ Сергеј Андреев. Сепак, новиот кормилар на клупата на Вардар, Гоце Седловски, сепак, се согласи да потпише едногодишен договор со Украинецот со опција за продолжување доколку се задоволни и двете страни од претходната соработка.

Претходно, во овој летен преоден рок „вардарци“ станаа и Филип Гачевски, Немања Мијушковиќ, Дарко Велковски, Владица Брдаровски, Бобан Николов, Хуан Фелипе, Ацо Стојков и Цезар Ромеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top