| четврток, 6 декември 2018 |

Друловиќ ја направи првата прозивка, фокусот е Луксембург па потоа и спектаклот против Шпанија

drulovic

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ, денеска во хотелот „ТЦЦ Плаза“ ја изврши првата прозивка на репрезентативците кои се најдоа на неговиот список за претстојните квалификациски натпревари против Луксембург и Шпанија.
Поголемиот дел од репрезентативците пристигнаа напладне и навреме за прозивката, а оснатите, меѓу кои и Александар Трајковски кој доцна синоќа имаше меч за Палермо, ќе допатуваат во текот на денот. Што се однесува до Трајковски, тој ќе го пропушти вечерашникот прв тренинг на комплексот во „Куќата на фудбалот“.

– Нѐ очекуваат два исклучително тешки квалификациски натпревари, специфични според својата тежина. Против Луксембург треба да одиграме на резултат и да покажеме дека сме поквалитетна селекција, а потоа нѐ очекува дуел против една врвна фудбалска репрезентација каква што е Шпанија. Се надевам дека ќе ги имам на располагање сите повикани фудбалери и дека добро ќе се подготвиме за претстојните искушенија во наредните неколку дена – изјави Љубинко Друловиќ на првиот собир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top