Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и најтрофеен тренер во Англија, Сер Алекс Фергусон сеуште е активен во фудбалот им им дава корисни совети на многу менаџери во Премиер лигата.
Англискиот дефанзивец Џони Еванс направи трансфер во Вест Бромвич Албион благодарејќи токму на неговиот поранешен тренер.
Оваа информација за откри менаџерот на ВБА Тони Пулис кој изјави дека се консултирал со Фергусон кој веднаш го упатил на адресата на Манчестер Јунајтед за да го купи Еванс.
– Зборував со Ферги и тој ми рече да го земам Еванс за шест милиони фунти. Претходно, го поспушав за Флечер и Честер и тој не погреши. Се надевам дека тој ќе покаже што знае во нашиот клуб. Тој е одличен играч, но имаше проблеми со повреди. Но, уверен сум дека со константен првотимски статус тој ќе се врати во посакуваната форма – изјави Пулис.
Екипата на ВБА по четири одиграни кола во Премиерлигата е на 15 место со една победа, едно реми и два пораза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


