| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон бара ограничување на слободата на движењето на работниците

immigration_2280507bБританскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј побара ограничување на слободата во движењето на работната сила низ земјите членки на ЕУ.

Во авторски напис во „Сандеј Тајмс„ министерката Меј вели дека слободното движење треба да значи слобода на работење (низ Унијата), а не слобода за барање работа, или за здобивање социјални бенифиции.

„Ваквиот пресврт (на кој инсистира Британија) ќе значи враќање на ЕУ на нејзините оригинални принципи, за слободата на движењето низ Унијата“,  пишува британскиот министер во лондонскиот весник.

Барањето на Меј претставува нова заложба на официјален Лондон за добивањето поддршка во Брисел и меѓу членките на ЕУ за реформирање на Унијата, во сегашните улови на големата мигрантска криза со која е зафатена Европа.

Нејзината барање за огрничување на движењето на работниците доаѓа по објавувањето на најновите податоци за бројот на вкупната миграција во Велика Британија.

Според Државното биро за статистика, бројот на вкупната миграција, откако ќе се пресмета бројот на оние кои влегле во земјата и на оние кои се заминале, само за периодот од март минатата година, до истиот месец годинава, изнесува 330 илјади мигранти, што е досега далеку најголема бројка.

Тоа е повеќе од три пати, од бројките што како стратешка цел ги имаше определно британската влада, уште во времето на нејзнинит прв мандат.

Најголемо влијание за рекордот во имиграционите движења, имаат токму дојдениците од земјите на ЕУ, а пред се, од членките на Унијата од Источна Европа.

– Станува збор за премногу висока бројка и ваквата ситуација е едноставно, неодржлива вели шефот на британскиот Хоум Офис, Тереза Меј.

Генералниот директор на Комората на британската индустрија Џон Кридленд, меѓутоа, инсистира дека најголемиот број од луѓето, доаѓаат во Британија за да работат, што е од голема полза за домашната економија.

„Нашите болници и здравството не можат да функционираат без странска работна сила. Градилиштата каде се градат нови згради и станови, како и големите инфраструктурни проекти се неможни без работници од странство, изјави во Лондон Кридленд.

Тој сепак предупредува дека е сосема погрешно, доколку работниците од ЕУ се изнајмени за работа, уште пред да дојдат во Британија.

Слободата на движењето на работана сила е едно од фундаменталните принципи на ЕУ, па Велика Британија, како земја членка, не може самата да го запре доаѓањето на луѓето од Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top