Синоќа беше комплетирано второто коло од новата сезона во Серија А лигата. Македонските интернационалци Горан Пандев и Алексадар Трајковски со своите тимови Џенова и Палермо извојуваа победи.
Пандев беше стартер за Џенова која победи на домашен терен против Верона од 2-0. Тој беше заменет во 56 минута и токму неговата замена Павовлети беше стрелец на првиот гол за својот тим, а Гакпе во 76 минута го постави конечниот резултат.
Leonardo Pavoletti GOAL GENOA vs Verona 1-0 *30… by brilche
Александар Трајковски со Палермо извојува тешка победа на гостувањето кај Удинезе со 1-0 и се наоѓа во групата од пет тима кои имаат максимален број на бодови од два натпревара.
Единствениот гол за Палермо го постигна Ригони во осмата минута. Трајковски за првпат беше стартер и одигра одличен меч за Палермо како офанзивен играч за врска. Покажа дека ќе биде навистина квалитетно засилување за својот нов тим и потврди дека има потенцијал за да биде истакнат играч во Серија А.
Luca Rigoni Goal – Udinese vs Palermo 0-1… by footy-goalscom
Наполи и во новата сезона продолжува со игрите топло-ладно. По поразот од првото коло од Сасуоло, синоќа се очекуваше квалитетниот состав на наполитанците да ги впишат првите три бода. Иако брзо поведоа во првиот дел со 2-0 со головите на Игуаин во деветата и 39 минута, сепак не издржаа и им дозволија на Сампдорија да го израмни резултатот и непоразена да го напушти Неапол.
На Лацио му се случи дебакл против Киево. „Лацијалите“ загубија со убедливи 4-0, а веќе во првиот дел домашниот тим имаше три гола предност, откако стрелаа Миџорини, Палоски и Бирса. Во вториот дел Палоски стигна и до својот втор гол на овој меч.
Црногорецот Стеван Јоветиќ е единствениот стрелец за Интер во првите две кола. Откако им донесе три бода на „нероаѕурите“ во првото коло против Аталанта, во второто против новиот прволигаш Карпи реализираше пенал во 89 минута и беше творец на триумфот. Претходно истиот играч го отвори резултатот во 31 минута, а Ди Гаудио израмни на 1-1 во 61 минута.
Резултати: Рома -Јувентус 2-1, Карпи – Интер 1-2, Удинезе – Палермо 0-1, Наполи – Сампдорија 2-2, Киево – Лацио 4-0, Џенова – Верона 2-0, Аталанта – Фросиноне 2-0, Торино – Фиорентина 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот



