
Руската тенисерка Марија Шарапова поради повреда го откажа настапот на УС Опен. Поради повредата на коленото Шаропва го пропушти и Вимблдон оваа година.
– Жалам што нема да можам да настапам оваа година на УС Опен. Направив се за да бидам подготвена, но немаше доволно време. Благодарност до моите навивачи, а очекувам да играм на азиската турнеја за неколку недели, напиша Шарапова на социјалните мрежи.
Таа беше рангирана како трета носителка, а по отказот нејзиното место ќе го заземе нејзината сонародничка Дарја Касаткина, која ќе игра против Дарја Гаврилова во меч од првото коло.
Шарапова има една титула на овој турнир кога победи во 2006 година.
Инаку четвртиот Грен Слем турнир во годината УС Опен почнува денеска во попладневните часови по македонски време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


