| четврток, 6 декември 2018 |

Руско расчистување на сообраќајка- со секира и пиштол (Видео)

На интернет може да се најдат многу видеа кои покажуваат дека во сообраќајот во Русија може да се доживеат многу непријатности. Токму затоа голем број од автомобилите во Русија се со монтирани камери, за да може да ги регистрираат сите непланирани случувања по пат. Видеото направено токму од една таква случка пред неколку дена буквално покажува дека и при најмал допир меѓу возилата може да се загуби живот.

По сударот на крстосница (што според видеото, не остави никакви последици на удреното возило), од возилото напред излезе агресивниот возач, кој прво со секира, а потоа и со пиштол го нападна човекот кој го чукна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top