Евгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа.
– Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен, се надевав годинава на победа…Последните километри од трката видов дека имам шанси, така што ја сменив тактиката и успеав да го направам она што го пропуштив лани, изјави Поп Ацев откако од претседателот Ѓорѓе Иванов беше закитен со ловоров венец.
Распоредот на второпласираниот и третопласираниот маратонец ќе биде утврден дополнително бидејќи некои од пливачите пред самиот финиш ја промашија поставената контролна точка, така што можно е третото место да му припадне на нашиот Томи Стефановски, кој како четврт мина низ целната линија.
Првото место во женска конкуренција и припадна на италијанката Аличе Франко, која маратонот го исплива за 5:44:03 часа.
Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.
Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, вторпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Тоа значи дека Поп Ацев со победата во Охрид избива на првото место во генерален пласман со освоени 38 бода и со големи шанси да биде победник во оваа сезона оттаму што до крајот на оваа „Гран-при“ серија останува уште маратонот Капри – Неапол .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невиден скандал: АМС бара факти и аргументи од ПФМ за случајот со Евгениј Поп Ацев
-
В сабота ќе се одржи 31. Охридски пливачки маратон
-
Охридскиот маратон и понатаму во календарот на ФИНА, ќе се плива на 19 август
-
Поп Ацев победи на маратонот во Капри, Стефановски триумфираше во „Гран при“ серијата на ФИНА