Струмичанец пријавил двајца соседи во полиција дека му ја крадат марихуаната. По пријава на случајот, струмичката полиција по претходно добиена наредба од истражен судија, извршила претрес во домот на М.Б. (54) од село Добрејци, Струмичко, при што биле пронајдени една враќа од брашно наполнета со канабис сатива со вкупна тежина од околу три килограми.
Потоа, биле пронајдени и амбалажа од тутун наполнета со марихуана, остатоци од ова растение во дворот, во фиока од домот, како и три засадени корени во саксија од истото растение.
Струмичнецот решил да го пријави случајот во полицијата откако се посомневал дека браќата А.С. (26) и М.С. (22), исто така, од селото Добрејци му краделе од марихуаната засадена од неговиот двор. Тој се обидел и да ги нападне со секира, дело што го признал во полиција.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.