| четврток, 6 декември 2018 |

Германски војник ги открива мрачните тајни за специјалните логори во Косово во 2001

Во својата книга „Солдат – како воен полицаец на Косово“, германскиот воен полицаец Ханс Гагниц раскажал неколку работи кои ја вознемириле јавноста и политичарите во Германија и ЕУ.

Тој во својата книга открива долго чувана американска и германска тајна за постоењето на специјалниот затвор на ЦИА за Србите и Албанците од 2001 година. – Додека Македонија гореше во пламените на војната, нејзиниот сосед се занимаваше со сосема друга работа. Направен е логор во селото Дубраво, каде американските војници водени од својата политика на апсење, ги сместуваа Србите и Албанците, пишува во книгата.

Германци, Грците и Италијанците биле чувари на импровизираниот логор, изграден врз сомнителни правни основи. Ханс Гагник тврди дека Србите и Албанците не биле апсени во склоп на меѓународните норми. До крајот на мај 2001 година, во логорот имаше 64 заробеници, облечени во портокалови комбинизони слични на оние кои ги носат осудениците во логорите во Полска и Гвантанамо. За изградба и функционирање на логорот во Дуброво беше задолжен КФОР, а подигнат е покрај стариот затворски комплекс кој некогаш им припаѓаше на Србите.

Американците ја следеа изградбата на логорот, а целиот комплекс беше обезбеден со бодликава жица од три метри, а околу неа патрола со кучиња. Логорот во селото Дуброво бил строго чувана тајна од страна на Белата куќа и САД. Иако германското Министерство за одбрана било известено за делувањето на КФОР и Американците, на нив не им биле достапни сите информации врзани за случувањата во логорот. Помеѓу затворениците имало цивили и постари мажи кои дури не знаеле зошто се уапсени. Голем број од нив, околу педесетина, на 2 јуни 2001 година со хеликоптер биле пренесени во американскиот затвор во базата Бондстил.

Авторот на книгата, Ханс Рагник, вели дека ниту сигурноста на германските војници не била на завидно ниво во затворот во Дуброво. – Секојдневно лице со лице се среќаваа со затворениците, без дозвола да носат оружје со себе. Германските војници цело време се плашеле да не завршат како заложници во случај на бегство или побуна на затворениците. Да не дојде до тоа, извештаите би излегле во јавноста уште тогаш, а тоа би бил невиден скандал, не само за политичарите, туку и за Бундесвер, наведува авторот. Во Министерството за одбрана на Германија денес се правдаат со фактот дека две години после доаѓањето на странските трупи на Космет, не постоел цврст правен систем за третирање на затворениците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top