| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Бугарија се вклучи во кампањата на македонската власт

СДСМ реагираше на текстот на бугарската агенција „Фокус“, во која стои дека Бранко Црвенковски пред две години барал бугарско државјанство. СДСМ очекува бугарската новинска агенција да прецизира дали се работи за некаква шега или за вистинита изјава.

– Доколку станува збор за вистинска изјава на Божидар Димитров, во согласност со сите новинарски стандарди и објективно информирање на јавноста, сметаме дека пред нејзиното објавување ќе беше логично да побараат став од СДСМ. На ваков начин, македонската јавност добива впечаток дека или Божидар Димитров или бугарската новинска агенција се вклучиле во кампањата за локалните избори во Македонија – велат од СДСМ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top