Полските власти се веќе сигурни дека го пронашле возот на нацистичка Германија, кој исчезнал на крајот од Втората светска војна, полн со богатство и оружје.
Фотографиите кои се направени благодарение на посебна рударска опрема, го прикажуваат возот долг околу 100 метри, рекол заменик министерот за култура Пјотр Жуковски. Возот бил блиндиран (оклопен), што значи дека пренесувал посебен терет, најверојатно воена опрема, но и богатство, накит, уметнички дела.
„99% сум уверен дека тој воз постои, но експертите ќе го дадат последниот збор кога ќе го ископаме возот“, изјави заменик министерот.
Инфорамцијата е добиена од локални жители на смртна постела, кој на властите им дал цртеж каде се наоѓа возот. Тој рекол дека бил еден од оние, кој помагал да се сокрие возот. Властите почнале да пребаруваат овој месец, откако ја добиле информацијата од еден германски и еден полски државјанин, кои преку адвокат рекле дека го пронашле возот во близина на градот Валбрзича во југозападна Полска и дека очекуваат 10% од она што ќе биде пронајдено во возот.
Со децении кружи легендата дека нацистички воз полн со оружје и богатство исчезнал во тунел во близина на границата помеѓу Полска и Германија во 1945 година, кога се приближувала Црвената армија.
Возот исчезнал 1945 година, а во него наводно биле украдените работи од тогашна Бреслава во источна Германија, а сега Вроцлава во Полска.
Според некои теории, возот влегол во тунелот во планина во Долна Шлезија и никогаш не се појавил на другиот крај од тунелот. Тунелот подоцна е затворен, а неговата локација била заборавена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.