| четврток, 6 декември 2018 |

Владината помош за нова механизација е огромна поддршка за земјоделците

cultureСо владината поддршка за набавка на нова и модерна земјоделска механизација земјоделците од сите региони од државата извршија замена на старата механизација со нова и многу пофункционална механизација.

За сите нив оваа владина поддршка во висина од 50 проценти од вкупната сума на механизацијата претставува многу важна поддршка без која не би можеле да си купат нова механизација. Сега, со оваа поддршка со новите трактори и новата приклучна механизација земјоделското производство во државата се доближува до современите земјоделски стопанства во останатите поразвиени држави.

Изминатиов период Владата за оваа намена им финансираше за земјоделците околу 10 милиони евра, со кои по принципот 50-50 беа набавени 7800 парчиња земјоделска механизација, од кои 1570 трактори и 6230 парчиња приклучна механизација.

Земјоделците со благодарност до Владата за оваа поддршка за која што, како и самите велат, никогаш немало да имаат нови трактори и нова земјоделска механизација. Задоволни што Владата покрај субвенции ги помага и на овој начин истакнуваат дека со овој вид на поддршка многу полесно можат да работат.


Земјоделците се согласни дека преку ова, како што велат, партнерство на државата со земјоделците го зголемуваат своето производство и го зголемуваат приходот од земјоделската дејност а истовремено поддршката од овој вид е и причина за вклучување на младите лица во земјоделството, за што Владата неодамна додели финансиска поддршка за младите земјоделци.

Во насока на продолжување на континуитетот на овој вид финансиска поддршка за земјоделците или како што земјоделците популарно ја викаат 50-50, преку Агенцијата за финансиска поддршка деновиве завршува новиот повик на кој за набавка на нова земјоделска механизација можат да аплицираат земјоделците кои располагаат со минимум 1,5 ха житни или индустриски култури (маслодајни, фуражни култури) или минимум 5 декари тутун.

Дополнително во насока на уште поголеми можности за набавка на нова механизација се овозможи и набавка на земјоделска механизација и преку ИПАРД програмата за земјоделците кои поседуваат долгогодишни насади или се занимаваат со сточарство, со што дополнително се зголеми бројот на нова и современа механизација за македонските земјоделци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top