| четврток, 6 декември 2018 |

Крадецот од „Жена-парк“ приведен од Алфите

Како што информира полицијата, на 21.08.2015 година пријавениот на ул “11-ти Октоври“ поточно во паркот “Жена Борец“ извршил разбојништво над лицето Ц.С. (59) од Скопје. Разбојништвото го извршил на тој начин што откако го пресретнал оштетениот со закана по неговиот живот му кажал да му даде се што има во џебовите.

Оштетениот исплашен за својот живот го извадил новчаникот и на пријавениот му дал 1.510 денари а пријавениот сам од џебот на блузата на оштетениот му одземал една кутија цигари по што истиот се упатил во правец на Собранието на РМ.

Случајот е пријавен во полиција и истиот ден од страна на полициски службеници од единицата АЛФА на ул “11-ти Октомври“ пресретнат е пријавениот кај кого при преглед се пронајдени одземените пари и цигари и истиот е лишен од слобода во ПС ОН Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top