Видео-омажот насловен „Брод тргнат кон немерливото“, посветен на Игор Исаковски, а дело на Сашо Димовски, беше претставен во рамките на Струшките вечери на поезијата. Прерано починатиот поет, преведувач и издавач, кој ненадејно почина на крајот на минатата година со својата поезија и карактер, а најмногу преку изјавите цитирани во омажот, предизвика бура од емоции кај публиката која во голем број пристигна на на Сцената покрај езерото, на истекот на реката Црн Дрим – Галеб. И странските поети, беа возбудени и по проекцијата му честитаа на авторот на омажот.
Иако замина на само четириесет и четири години, Игор зад себе остави шеснаесет издадени книги, од кои десет се збирки поезија.[…] Тој не беше само плоден автор, неуморен преведувач од англиски, српски, хрватски, босански, тој беше и основач на културната институција и издавачка куќа „Блесок“. Игор беше идејниот творец на електронското списание “Блесок“, едно од најстарите електронски списанија за култура во Европа, преку кое, пионерски и визионерски, ја ширеше македонската култура низ светот, а светската култура ја носеше во Македонија.
Филмот го направи Сашо Димоски, а во него учествуваат: самиот Игор, Тони Димков, Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски и Елизабета Баковска. Музичката илустрација е на Горан Трајковски.
Премиерата е во 23.30 часот на Сцената покрај езерото, истек на реката Црн Дрим – Галеб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва со омаж ќе се одбележи 85-годишнината од раѓањето на Анте Поповски
-
Oмаж по повод 85 години од раѓањето на поетот и академик Анте Поповски
-
Видеоомаж за Игор Исаковски во Кинотека на Македонија
-
Проекција на документарно-поетскиот омаж „Брод тргнат кон немерливото“, посветен на Игор Исаковски во Кинотека