| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски „Фокус“: Црвенковски бара бугарско државјанство

Бранко Црвенковски, поранешниот македонски претседател и премиер на македонската влада, сегашен лидер на СДСМ, почнал процедура за добивање бугарско државјанство – објавува бугарски „Фокус“.

Тие пишуваат дека македонскиот политичар ги дал документите во 2011 година, на крајот на претседателскиот мандат на Георги Прванов, со кого бил исклучително близок не само по партиска линија. Смената на претседателската администрација и крајот на мандатот на Ангел Марин како вицепретседател и овластен за указите е причината што процедурата била забавена.

Бугарски „Фокус“ во својот текст оди дури до 24 декември минатата година пишувајќи дека по состојбата во македонскиот парламент, како и напуштањето на опозицијата, посредниците, ангажирани од Црвенковски, покажали голем интерес за придвижување и за забрзување на процедурата за добивање бугарско државјанство.

– Се очекува македонскиот политичар да земе државјанство до крајот на годината, иако обичните македонски граѓани чекаат по повеќе од две години. Во документите Црвенковски како основа на барањето за државјанство го посочил правото за потекло. Роден е во 1962 година во Сараево, а потекнува од Слатино, Охридско – стои во текстот.

Понатаму објаснуваат дека неговиот прадедно е затворен во солунскиот затвор за револуционерни дејнисти на ВМОРО и за поврзаност со Ѓорче Петров, кој бил од истото село. Ја раскажуваат историјата на Слатино по турското ропство посочувајќи дека во реонот на Дебарца живееле 960 Бугари.

„Фокус“ нагласува дека пред Црвенковски ред македонски политичари барале бугарско државјанство, меѓу кои и експремиерот Љубчо Ѓеоргиевски.

– Се смета дека причина за барањето на Црвенковски е можноста да најде заштита од режимот на премиерот Никола Груевски.

Веста на „Фокус“ е објавена на Денот на шегата, први април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top