Денеска во Нион беше направена ждрепката за групите во Лигата на шампионите откако синоќа беа познати и последните патници па така се дојде до бројката од 32 екипи од Европа меѓу кои ќе се бара новиот шампион на стариот континент.
Групата Д во која ќе партиципираат Јувентус, Манчестер сити, актуелниот освојувач на Лигата на Европа, Севилја и бундеслигашот Мехенгладбах се чини може да го понесе епитетот „група на смртта“ по денешната ждрепка за групната фаза од ЛШ.
Македонија ќе има свој претставник во името на репрезентативецот Арјан Адеми кои настапаува за Динамо Загреб, а тој ќе се сретне со екипите на Баерн Минхен, Арсенал и грчки Олимпијакос во групата Ф.
Бранителот на круната, екипата на Барселона е во Групата Е заедно со Баер Леверкузен, Рома и БАТЕ Борисов.
ГРУПА А: ПСЖ, Реал Мадрид, Шахтјор Доњецк, Малме
ГРУПА Б: ПСВ, Манчестер јунајтед, ЦСКА Москва, Волфсбург
ГРУПА Ц: Бенфика, Атлетико Мадрид, Галатасарај, Астана
ГРУПА Д: Јувентус, Манчестер сити, Севилја, Борусија Мехенгладбах
ГРУПА Е: Барселона, Баер Леверкузен, Рома, БАТЕ Борисов
ГРУПА Ф: Баерн Минхен, Арсенал, Олимпијакос, Динамо Загреб
ГРУПА Г: Челси, Порто, Динамо Киев, Макаби Тел Авив
ГРУПА Х: Зенит, Валенсија, Лион, Гент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.