Во пресрет на вториот уписен рок закажан за 3 септември, од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ информираат дека во првиот уписен рок е забележан пораст од 30 проценти на бројот запишани студенти, споредено со минатогодишните уписи.
Според податоците, оваа година бруцошите најголем интерес покажале за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и за Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника, како и за Студиската програма по е-влада, е-бизнис е-култура при Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика.
Од Универзитетот информираат дека за претстојниот уписен рок на идните студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ им стојат на располагање 345 слободни места на петте факултети, распоредени во десет различни студиски програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.