Репортерката Алисон Паркер (24) и фоторепортерот Адам Ворд (27), кои работеле за вирџинската телегизија Даблју-Ди-Би-Џеј Севн (WDBJ7) беа застрелани изутрината по локално време во градот Монета, додека во живо правеле интервју за локален трговски центар.
Убиството буквално во живо беше прикажано на телевизијата, за која работеа новинарите. Додека репортерката интервјуирала посетителка на молот, одекнаа најмалку осум истрели и камерата на нејзиниот колега паднала на земја. Таа продолжила да работи и ги снимила нозете на напаѓачот, како и последните врисоци на новинарите.
Противречни се информациите за интервјуираната жена. Според некои медиуми таа останала неповредена, а според други била ранета.
Кусо по убиството еден од водителите во телевизијата, Крис Харст напиша на Твитер дека убиената Алисон и тој планирале наскоро да се венчаат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.