Шпанскиот тенисер Рафаел Надал учествуваше во кампањата на „Томи Хилфингер“ за долна машка облека.
Тој го покажа извонредното мускилесто тело облечен во долната облека на модниот бренд. 29-годишниот Шпанец потпишал двегодишен договор со американската компанија. Коментирајќи ја новата соработка, Хилфигер рекол дека Надал изгледа одлично и дека неговото тело не е дигитално „коригирано“ за кампањата.
Во следното видео може да се погледне Надал како се разголува во соблекувална.
Покрај во рекламната кампања на „Томи Хилфингер“, за долна облека, овој бренд го престави и новиот парфем “ТХ Болд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.