| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе има претставник во ЛШ, Адеми со Динамо Загреб се пласираше во групната фаза (видео)

GNK Dinamo vs  FC Skenderbeu

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и Динамо Загреб ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите откако вечерва во реваншот на домашен терен до декласираа албанскиот преставник Скендербег со 4-1. Капитенот на Динамо, Адеми не настапи поради повреда на колкот заработена уште пред десетина дена, и тренерот Мамиќ не сакаше да ризикува со него иако беше најавено дека можеби ќе биде на клупата за резервни фудбалери и ќе влезе во игра доколку е потребно.

GNK Dinamo vs  FC Skenderbeu

Сепак неговите соиграчи кои од Албанија пред седум дена се вратија со победа од 2-1, ја навестија високата победа на „Максимир“ уште во раната фаза од мечот.
ите возбудувања во Загреб почнаа уште во 9. минута кога домашните дојдоа до предност преку Судани. Но, по само една минута израмни Ескуердиња, за да Хоџиќ во 15. минута донесе предност за Динамо од 2-1. Во второто полувреме преку Таравел, и вториот гол на Судани, Динамо Загреб ја заокружи убедливата победа. Аријан Адеми поради повреда не настапи на овој натпревар.

Без настап оваа сезона во Лигата на шампионите останаа постојаните учесници, Базел и Селтик кои беа изненадени во баражот од своите противници.

Базел во реваншот во Тел Авив одигра само 1-1 против Макаби. На Швајцарците им беше потребна победа бидејќи на домашен терен одиграа 2-2. Голот што го постигна Макаби во првиот натпревар во судиското продожение значеше и пласман за изралескиот преставник во групната фаза.

Истата судбина ја доживеа и Селтик кој по победата на домашен терен од 3-2 над Малме во реваншот вечерва во Шведска загуби со 2-0. Розенберг во првото полувреме, и автоголот на Бојата во вториот дел беа пресудни за триумфот на Малме и пласманот во групната фаза на ЛШ.

Во групите ќе играат и Валенсија и покрај поразот од Монако од 2-1, со оглед на триумфот на првиот дуел од 3-1, како Шахтјор Доњецк кој пред своите навивачи ремизираше (2-2) со Рапид Виена, но поради победата на гости од 0-1 продолжува во групната фаза на елитното европско натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top