Поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис даде серија на интервјуа за западните медиуми викендов во кои ги коментираше последните случувања во грчката политика, објави весникот „То Вима“.
Во поопширно интервју за „Гардијан“ поранешниот финансиер на Атина коментирал дека „би било интересно“ ако биде изведен пред суд за предавство на Грција, бидејќи тоа требало да му се овозможи „да покаже какви се тие всушност“ . Варуфакис исто така тврди дека сегашниот договор за финансиски спас на Грција е неодржлив и заштитени се постапките при развивање на планови за непредвидени ситуации.
Тој го изразил своето убедување дека премиерот Алексис Ципрас „станал жртва на своите советници и на егото и се стремел да стане нов Де Гол, или поточно Митеран“. Освен тоа Ципрас постојано ја губеше поддршката кај електоратот. Што се однесува до претстојните избори, Валуфакис не ја исклучил можноста да се приклучи кон Партијата „Народен сојуз“ на Панајотис Лафазанис.
Во интервју за францускиот весник „Монд“ пак Варуфакис тврди дека вистинската цел на германскиот министер за финансии била Франција, нејзината социјална држава, трудовото законодавство и нејзините државни компании. Според Варуфакис министерот за финансии на Германија ја гледал Грција како експеримент за спроведување на режимот на штедење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.