| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган официјално ги распиша изборите, најверојатен датум е 1 ноември

ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално вчера објави одржување на предвремени избори, со цел да го прекине политичкиот „ќорсокак“, кој се појави по парламентарните избори во јуни.

Одлуката на Ердоган за предвремени избори следеше по состанокот со претседателот на Парламентот Исмет Јилмаз.

Иако точниот датум на изборите не е официјално објавен, претседателот претходно најави дека гласањето би можело да се одржи на 1 ноември.

– Во согласност со Уставот, претседателот одлучи изборите за турскиот Парламент повторно да бидат одржани- се наведува во соопштението на Претседателството и се додава дека одлуката е донесена, откако истекол крајниот рок за формирање на влада од 45 дена.

Ердоган денека ќе се состане со турскиот премиер Ахмет Давутоглу со кого ќе разговара за преодната влада, која Турција ќе ја води до изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top