| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ бега од вистината- Мнозинскиот модел не воведува бипартизам

избориКако се ближат договорените избори, така СДСМ поставува нови правила за измена на правилата за да може што повеќе да го искомплицира и така заплетканиот Договор од Пржино. Но, се е во игра за да се да најде оправдување за поразот кој и самата го предвидува. Така на СДСМ сега му пречи изборниот модел. Нафрлуваат различни идеи, а кога од другата страна ќе слушнат нешто поинакво, веднаш се враќаат на теренот на шпекулации.

На барањето на СДСМ за измена на изборниот модел- Македонија да биде една изборна единица, ВМРО ДПМНЕ возврати со предлог постојниот пропорционален да се замени со мнозински систем. И веднаш тој предлог наиде на остри критики за „немање демократски капацитет“, или дека „тој (модел) исклучиво е во интерес на големите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“. Ваквиот однос од СДСМ не е ништо поинакво од досегашното искривување на реалноста и на демократското искуство во земјава. Нивниот став дека мнозинскиот модел би довел до „бипартизам“ во практика е невозможен, а искуството покажува дека е тоа е невозможно.

Прво, во СДСМ забораваат дека се предводници на Коалиција во која има повеќе партии: Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Либерално-демократска партија, Обединети за Македонија, Партија за движење на Турците во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Српска странка во Македонија,Демократски сојуз на Власите од Македонија и Санџачка лига.

Второ, го прескокнуваат фактот и дека ВМРО-ДПМНЕ се предводници на коалиција во која има многу други, дури 23 партии; Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите,Работничко-земјоделска партија на Република Македонија, ТМРО, Нова либерална партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Татковинска македонска организација за радикална обнова – Вардар – Егеј – Пирин, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократски сили на Ромите, Демократска Бошњачка партија, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Демократска партија на Ромите, Социјалдемократска унија, Роми обединети од Македонија.

Трето, „Бипартизмот“ кој што го посочуваат од СДСМ е момент кој што се јавува последните изборни циклуси само и само заради волјата на граѓаните изразена преку давањето на гласот задоволни од коалицирањето. Таа слика, доколку се задржат коалицирањата, нема да се промени заради изборниот модел.

На последните, лански избори, според пропорционалниот модел, освен овие две коалиции, пратеници добија и ДУИ и ДПА, како и по еден пратеник од ГРОМ и НДП.

Во Македонија се гласаше според мнозинскиот изборен систем на првите избори во 1990 година. Тогаш гласањето се одвиваше во два круга, а мандати лосвоија девет партии и тројца независни пратеници. Тоа доведе до тешкотии за формирање на Влада. Според мнозинскиот модел на избори се гласаше и во 1994 година, кога ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг заради бројни нерегуларности во гласачкиот процес. И тогаш во Парламентот седнаа пратеници од 11 политички партии и Коалицијата предводена од СДСМ.

Споредено меѓу дадените резултати од мнозинскиот и актуелниот модел, видливо е дека мнозинскиот модел во деведесетите овозможил многу повеќе шареноликост во парламентот отколку актуелниот пропорционален.

Класичниот изборен модел значи 120 изборни единици во Македонија и три во дијаспората. Во Република Македонија, секоја изборна единица ќе има околу 15.000 избирачи на избирачкиот список, односно околу 17.000 жители. Според познавачите, во таквата изборна единица на изборите обично ќе излегуваат околу 10 илјади гласачи во една изборна единица, што значи дека победникот ќе добива околу 5 – 6 илјади гласови. На тој начин, ќе се создаде директна поврзаност на пратеникот со својата изборна единица, а граѓаните ќе добијат можност да имаат директно влијание врз конкретен претставник од нивниот „дистрикт“ во законодавниот дом, анализира Влатко Ѓорчев во колумната во весникот Дневник.

Во неодостиг на конкретен издржан одговор на предлогот на премиерот Никола Груевски за мнозински изборен модел, СДСМ, опозициските медиуми и самопрогласени експерти шират манипулации дека ваквиот модел бил враќање на бипартизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top