Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска на најновата ВТА-листа забележи скок од 15 места и сега се наоѓа на 345. позиција, што е најдобро во нејзината кариера.
Скокот од 15 позиции се должи на новите освоени девет бода по одличниот настап турнирот во Хехинген и со крупни чекори напредува во женскиот светски тенис.
Втората македонска тенисерка на ВТА – листата, Магдалена Стоилковска, оваа седмица ќе биде 1.231. тенисерка во светот.
На врвот на ВТА-листата е неприкосновена Серена Вилијамс, која има двојно повеќе поени во однос второпласираната Симона Халеп, која бележи скок од една позиција. Трета е Марија Шарапова, а четврта е Каролине Вознијацки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.