| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс го освои Синсинати

US Serena Williams reacts after a point
Најдобрата светска тенисерка, Американката Серена Вилијамс, ја потврди својата доминација, откако победи во финалниот меч на турнирот од Мастерс серијата во Синсинати. Во финалето беше подобра од Романката Симона Халеп со 2-0 во сетови.

Вилијамс лошо го започна мечот и губеше со 2-0 во гемови, но потоа се врати во ритам и го освои со 6-3.

Во вториот сет Симона Халеп стигна до тај-брејк, но го загуби со 7-5.
Со овој трофеј Серена Вилијамс само ја зацврсти својата позиција на ВТА листата како лидер во женскиот тенис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top