Австрискиот канцелар Вернер Фајман, како домаќин на претстојниот Самит за Западен Балкан, има намера да ги охрабри земјите од регионот за натамошно спроведување на реформите, давајќи им признание за нивните досегашни напори.
Тој, по повод состанокот што се одржи на 27 август во Виена, како продолжение на Берлинскиот процес, кој минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, најави дека на конференцијата ќе се заложи за борба против невработеноста на младите.
– Европската перспектива за Западен Балкан е од големо значење – подвлече Фајман.
Тој истакна дека земјите од Западен Балкан презеле значајни реформи, но и дека сè уште постојат реформи што треба да се спроведат, пред сè во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Во Виена е предвидено да допатува и германската канцеларка Ангела Меркел, а од страна на Еу ќе бидат присутни високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.
Се очекува една од темите што ќе доминираат на средбата да биде проблемот со азилантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ