| четврток, 6 декември 2018 |

Стотина германски државјани загинале борејќи се во редовите на ИСИС

jihadistiСтотина германски државјани загинале во борбите на страната на Исламската држава во Сирија и во Ирак, соопшти германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

– Имаме информации за стотина различни случаи – изјави Мезиер за „Билд“.

Според германскиот министер, од 2012 година околу 700 Германци заминале во Сирија и во Ирак за да се приклучат на ИСИС. Тоој додава дека една третина од таа бројка се вратила во Германија.

На почетокот на месецот ИСИС на интернет објави прво видео на германски државјанин што ги повикува муслиманите во Германија и во Австрија да дојдат на територија под контрола на џихадистите или да поведат самостојни напади во матичните држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top