– Од брегот на Сицилија до Кос, од Македонија до Унгарија, и во Кале, тензијата расте и со тек на време може да го доведе во прашање Шенгенскиот договор – истакна тој, пренесува „Танјуг“.
Џентилони прашува дали може да се замисли Унијата без Шенген и враќање на старите граници, истовремено констатирајќи дека емигрантите не стигнуваат во Грција, Италија или Унгарија, туку во Европа, поради што и правилата мора да бидат европеизирани.
Во меѓувреме, во Германија, германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер упатија заеднички повик за преиспитување на политиката на азил во ЕУ.
– Неопходно е приливот на бегалци чесно да се подели – оценија за неделното издание на „Франкуртер алемајне цајтунг“. Тие побараа и воведување „европски правила за азил“, кои би го гарантирале статусот на азилантите во ЕУ.
Министрите за внатрешни и надворешни работи од ЕУ за бегалската криза ќе разговараат кон средината на октомври, пред самитот на Малта во ноември, соопшти во четвртокот министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа