| четврток, 6 декември 2018 |

Над 30 полицајци повредени на десничарски протест против азилантите во Германија

азиланти
Најмалку 31 германски полицец се повредени во синоќешните протести во Хајденау, во судири за време на десничарски протест против азилантите, јавуваат германските медиуми.Десничарско екстремистичката Национал-демократска партија (НПД) повика на протест на кој, според германските медиуми, имало голем број пијани десничари, што фрлале со шишиња и камења врз полицијата.

Полицијата употреби солзавец и спреј за справување со групата демонстранти, при што се уапсени поголем дел од учесниците на протестот.

Надлежните служби во Саксонија прават напори за време на викендот одреден број имигранти да сместат во напуштена хала во Хајденау, поради што може да се очекуваат нови судири со десничарите и противниците на бегалската политика на земјата.

НПД е партија за чија забрана се залагаат голем број луѓе обвинувајќи ја за непочитување на човековите права, одбивање на повеќепартискиот систем, антисемитизам и расизам.

Германија моментално се соочува со голем број бегалци, а сојузната влада пред неколку дена објави дека се очекува бројка од дури 800.000 лица, да побара азил во земјата до крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top