| четврток, 6 декември 2018 |

Рома и Верона ги поделија бодовите на стартот на новата сезона во Серија А (видео)

Verona vs Roma

Денеска започнува новата сезона во италијанската Серија А лига. Во премирниот натпревар се сретнаа Верона и Рома и ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1. Старата болка од минатата сезона Рома ја пренесе и на стартот од новата, не успавајќи да дојде до триумф играјќи нерешено.

Се на дуелот во Верона се случи во второто полувреме, кога домашните најпрво преку Бошко Јанковиќ во 61. минута стигнаа до предност, а Флоренци со убав шут од далечина во 66. минута донесе израмнување и бод за својата екипа.


Goal Jankovic – Hellas Verona vs AS Roma 1-0 by brilche


Goal Florenzi – Hellas Verona vs AS Roma 1-1 by brilche

На вториот денешен натпревар се среќаваат екипите на Лацио и Болоња.

Првото коло продолжува утре со натпреварите:

Јувентус – Удинезе, Емполи – Кијево, Форентина – Милан, Фросиноне – Торино, Интер – Аталанта, Палермо – Џенова, Сампдорија – Карпи и Сасуоло – Наполи.

Сите натпревари се играат во вечерниот термин од 20.45 часот, само бранителот на титулата Јувентус својот меч ќе го одигра во теминот од 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top