Поранешниот израелски премиер и министер за одбрана Ехуд Барак обелоденил дека последните неколку години израелските лидери планирале напад врз Иран, но се откажале бидејќи не сите се сложувале со планот, пренесе Њујорк Тајмс. Барак за неговите биографи се доверил дека Израел бил блиску до напад врз иранските нуклеарни постројки во 2010, 2011 и 2012 година, како и зошто тоа не е сторено и покрај неговата и желбата на премиерот бенјамин Нетанјаху.
Барак за вториот канал на израелската телевизија посочил дека тој и Нетанјаху биле подготвени за напад, но во 2010 година шефот на израелската армија Габи Ашкенази оценил дека Израел нема „оперативна способност“. Следните години двајца клучни министри се предомислисле во последен момент, додека во 2012 г. неповолен бил и моментот заради заедничките воени вежби со САД и посетата на американскиот секретар за одбрана. Барак нагласува дека двајцата министри кои се повлекле во 2011, Моша Јаалон и Јувал Стајниц, сега се најголемите поборници за таков чекор.
Поранешниот министер Барак, според телевизијата, потоа се премислил за интервјуто, па настојувал да спречи емитување на делови од него, повикувајќи се на воен цензор. Но откако и тој дал одобрение, интервјуто е емитувано во целост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


