Министерот за одбрана Зоран Јолевски преку видое-конференциска врска се обрати на идните доктори по правни наука и адвокати на почетокот на докторските студии по право на калифорнискиот универзитет „Пепердајн“. Тој им порача дека почитувањето на правото и правната држава се столб на секое општество.
– Вие, потенцира, го направивте вистинскиот избор во однос на усовршувањето во оваа област. Универзитетот „Пепердајн“ е еден од најдобрите универзитети во Соединетите Американски Држави и во светот.
Тој додаде дека инвестицијата во образованието е една од најзначајните инвестиции во нивниот живот.
– Патот на академското усовршување не е лесен, но е исплатлив, за Вас лично, но и за вашата држава и општество, рече министерот Јолевски.
Универзитетот „Пепердајн“ е еден од високо ценетите Универзитети во САД, целосно посветен на академското усовршување на идните лидери во поголем број области меѓу кои и правото, бизнис и менаџмент, образование и психологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јолевски- Хојт Ји: Фер и кредибилни избори и побрза евроатлантска интеграција
-
Припадниците на АРМ во проектот „АРМ – мој вистински дом“ ги извлекоа броевите на нивните станови
-
Министерот Јолевски: АРМ деноноќно е на терен и му помага на населението погодено од поплавите (Видео)
-
Унгарија дава целосна поддршка за влез на Македонија во НАТО и во Европската унија