
Македонија има право, во согласност со меѓународните закони, да ги контролира лицата што сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на тие што не ги исполнуваат критериумите, соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
– Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите по јужната и северната граница. Комисијата е подготвена и натаму да ѝ дава хуманитарна помош на Македонија – се вели во изјавата на прес-службата на Хан што ја пренесува Танјуг.
Европската комисија, како што се наведува, внимателно ја следи ситуацијата на македонско-грчката граница и останува подготвена и натаму да и испраќа хуманитарна помош на Македонија. Се потсетува дека ЕУ досега обезбедила 90.656 евра хуманитарна помош за Македонија, како и дека во завршна фаза е програмата за помош на регионот на Западен Балкан и Турција во вредност од осум милиони евра што треба да биде спроведен веќе во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


