Фудбалерот на Тотенхем, Џермејн Дефо, дозна дека не е татко на детето за кое сакаше да се промени и да биде подобар. Тој повеќе од еден месец живеел во лага и заблуда. Неговата поранешна девојка Ен-Мари Мур на 19 февруари роди син, но на крајот излезе дека Дефо не е негов татко.
На почетокот Дефо беше воодушевен од приновата и на сите им се фалеше дека станал татко.
– Ќе добијам син и ќе дадам сè од себе за да бидам подобар. Тој што има деца, знае за што зборувам – рече фудбалерот пред раѓањето на детето, а откако се роди бебето, тој призна дека го храни, бања, му менува пелени и ужива во улогата на татко.
Но, пред неколку дена се случи целосен пресврт во оваа идилична семејна приказна. Резултатите од ДНК испитувањата покажаа дека Дефо не е татко на детето.
– Тој понуди целосна поддршка при одгледувањето на детето откако неговата поранешна девојка Ен Мари-Мур му кажа дека чека негово дете, но веќе не сака да коментира на таа тема – изјави портпаролот на Дефо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.