Еден од главните обвинители во Тексас, Мајк Меклеланд, и неговата сопруга, кои вчера беа убиени, се жртви на планиран напад, пишуваат американските медиуми.
Американската јавност е во шок по вчерашното двојно убиство особено ако се земе предвид дека пред два месеца беше убиен и заменик-обвинителот Марк Хасе.
Обвинителот и неговата сопруга биле убиени во нивната куќа во градот Форни, во близина на Далас со неколку рафали од огнено оружје.
Градоначалникот на Форни, Дарен Розел, рекол дека убиството воопшто не е случајно и дека станува збор за планиран напад.
Полицијата истражува можна поврзаност на вчерашното двојно убиство со убиството на заменик-обвинителот кој бил ликвидиран кон крајот на јануари, истиот ден кога Министерството за правда на САД соопштило дека обвинителството води истрага за рекетирање против расистичка група.
Обвинителот имал дводецениска кариера во американската армија, а учествувал и во операцијата „Пустинска бура“ за ослободување на Кувајт во 1991 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


