| четврток, 6 декември 2018 |

Предности од секојдневната консумација на кафе

кафе

Кафето е таа магична напивка што ни дава енергија и нѐ подготвува за активностите и предизвиците на денот. Но, почнувањето на денот со кафе е многу повеќе од само будење и снабдување со енергија – тоа е уживање и задоволство – ова го знаат само оние длабоките и искрени љубители. Ако кафето е есенцијален дел од вашата рутина, тогаш е време да слушнете за придобивките што ги имате од внесувањето кафе на дневна база.

1. Само една шолја дневно ќе ви гo продолжи животниот век

Постојат толку многу нешта што објаснуваат зошто кафето ги потпомага доброто здравје и виталноста. Според едно неодамнешно истражување од списанието „Њу Ингланд џурнал оф медисин“ , луѓето што секојдневно пијат кафе имаат помали шанси да страдаат од болести што му се закануваат на животот – срцев удар, болести на срцето и проблеми со дишењето.

 Со надеж дека ќе откријат колку вашата љубов кон кафето може да влијае врз вашиот животен стил, истражувачите ги анализирале здравствените картони на околу 400.000 мажи и жени во текот на 14 години. Од нив, откриле дека тие што пиеле барем по една шолја дневно имале за пет проценти помал ризик од смртност, додека тие што пиеле четири шолји дневно го намалиле ризикот од овие заболувања за 16 проценти.

На прв поглед, овие бројки не изгледаат многу значајно, но тие дефинитивно ги покажуваат бенефициите од секојдневното пиење кафе.

2. Кафето е стимуланс – совршено гориво за мозокот

Кофеинот е познат по тоа што ги подобрува когнитивните способности. Научната издавачка куќа „Валеј онлајн лајбари“објаснува како функционира кофеинот. Тој го забранува поврзувањето на аденозин и бензодијазепин – т.е. рецепторите кои се поврзуваат со мозочните мембрани.

Овие невротрансмитери се познати по тоа што ја забавуваат работата на мозокот, а блокадата на рецепторите го намалува таквиот ефект. Кофеинот исто така предизвикува промени во голем дел од останатите невротрансмитери како: норадреналин, допамин, серотонин, ацетилколин, глутамат и гамааминобутерна киселина.

Пиењето кафе исто така ја подобрува меморијата и ја одржува кондицијата на мозочната реакција. Една голтка кафе пред важен состанок или презентација е целата течна храброст која ви е потребна.

3. Го покренува расположението и ја зголемува енергијата

Сите знаеме дека кога имаме лош ден, ништо не е подобро од шолја кафе. Тоа ја поттикнува циркулацијата и ве прави посвесни за околината, а прави и да се чувствувате поживо. Уште една бенефиција од пиењето кафе е дека тоа е одличен начин да ги смирите вашите нерви без вината која доаѓа кога јадете поради стрес. Но, тоа не значи дека колку повеќе испиете – толку порелаксирани ќе бидете. Сепак, вистинската количина кафе секако дека ќе ви го олесни понеделникот или кој било друг ден од неделата.

4. Ги намалува шансите за депресија за 20 отсто

Според списанието „Архив оф интернал медисин“, жените што пијат барем четири шолји кафе дневно имаат помали шанси да страдаат од депресија, за разлика од тие што пијат помалку од четири шолји. Да не ви се верува дека нешто толку едноставно има толку голема моќ. Значи, нема ништо лошо во тоа да чувствувате дека ви е потребна енергија и на таков начин да го заштитите вашето психичко здравје.

5. Полно со антиоксиданси – ѝ дава совршен изглед на кожата

Антиоксидансите се познати по тоа што ги подмладуваат кожните клетки и го преобратуваат процесот на стареење – што објаснува зошто многу луѓе го користат кафето како дел од нивните режими за убавина. Уште подобро, кафето содржи својства кои се борат со болести како ракот.

Зрната кафе се едни од најдобрите извори на антиоксиданси – тие имаат трипати повеќе антиоксиданси за разлика од чајот, храната и виното.

Но, имајте на ум дека колку и да е здраво кафето, сепак може да станете зависник од кофеин. Во превод, преголемото внесување на кофеин во организмот може да предизвика зависност која може да има ужасни последици врз вас и вашето здравје.

Кога веќе ги кажавме важните нешта, сега слободно можете да одите во најблиското кафуле и да се снабдите со оваа магична напивка. Или, подеднакво добра варијанта е самите да си го направите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top