| четврток, 6 декември 2018 |

Русите со видеонајава за мечот: Ќе играме на стадион со моќно име, „Цар Филип Втори“ (видео)

g_filip-vtori-nova

Рускиот тим Рубин Казан отворено говори за натпреварот со Работнички кој се игра денеска на „Филип Втори“ арената со почеток од 20 часот. Од таборот на Рубин не ја кријат желбата за пласман во групната фаза од Лига на Европа и посакуваат тоа да го остварат уште во Скопје со поволен резултат и победа портив македонскиот вицешампион.
Дури и во видеонајавата за руските медиуми тие со нескриен отпимизам потенцираат дека се подобар противник и целта е да се победи во Скопје.

– Европскиот пат го продолжуваме во срцето на македонскиот фудбал, на главниот стадион во земјата кој е со капацитет од 36.000 навивачи и гордо име ’Цар Филип Втори’, татко на Александар Велики. Рубин во Скопје допатува со најквалитетниот свој состав, и нашиот тим ќе се погрижи патот за место во групите од Лигата на Европа да го реши уште на првиот натпревар – се вели во најавата за мечот во македонскиот главен град.

Во најавата со нескриен отпимизам од конечниот исход на двомечот против Работнички искажаа и тренерот Ринат Билјалетдинов и бугарскиот интернационалец Благој Георгиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top