Принцот Вилијам се појавил на свадбата на еден свој близок пријател, без Кетрин Кејт Мидлтон, иако таа била најавена и очекувана од младоженецот, неговата невеста и гостите, пишуваат лондонските таблоиди.
Наместо со сопругата, Вилијам на свадбата дошол во придружба на нејзината сестра, Филипа Пипа Мидлтон.
Отсуството на популарната Кејт не било очекувано, затоа што нејзниното име останало меѓу почесните гости на венчавката, во една мала црква, во областа Девон, во југозападна Англија.
Многумина од гостите очекувале сопругата на прнцот да се појави подоцна, но тој останал на свадбата, само во друштвото на Пипа.
Весниците не откриваат што се случило со Кејт Мидлтон и не може да го објаснат нејзиното отсуство, но забележуваат дека таа се поретко се појавува на разни јавни и приватни настани, како оваа сведба, по раѓањето на малиот принц Џорџ, пред повеќе од две години.
Дел од лондонските таблоиди му забележуваат на принцот што ја остава сопругата, самата да се занимава со двете мали деца.
„Дејли Меил„ оди подалеку, па го критикува што , воопшто, отишол сам на свадбата на својот пријател. Според овој весник, принцот Вилијам требало да остане дома, покрај сопругата Кејт, за која вели дека е „премногу изморена мајка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.