Еден полицаец е полесно ранет во вооружен напад врз полициски пункт на влезот на палатата Долмабахче во Истанбул, каде се наоѓа канцеларијата на премиерот, пишува весникот „Хуриет дејли њус“.
Двајцата напаѓачи фрлиле експлозивна направа, откако стрелале со автоматски пушки кон полицајците.
Тие се уапсени додека бегале кон зградата на германсиот Конзулат, јавија турските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.